Денеска во Фондот за здравствено осигурување на Македонија остваривме средба за подобра грижа за пациентите со цистична фиброза, со делегација на Вертекс, предводена од Адриан Василиу, комерцијален директор за Централна и Источна Европа, и со учество на Игор Г. Николов, советник на премиерот за реформи во здравството, објави директорот на ФЗОМ Сашо Клековски.
Вертекс е единствениот производител на иновативна терапија за цистична фиброза во светот. Вертекс го истакна значењето на раната детекција, каде Македонија (МАНУ) има резултати на европско ниво, и потребата од колку е можно порано вклучување на болните. Фондот ја искажа благодарноста на напорите на Вертекс, како општо за иновативната терапија, така и специфично за поддршката на Македонија, која започнува во 2022 година. Исто така е истакната спремноста за подобрување на грижата со вклучување на повеќе пациенти што е можно порано. Со договор за брза следна средба за понатамишните чекори, објави Клековски на социјаните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.