Фондот за здравствено осигурување ангажирал фирма рачно да ги внесува податоците за исплата на платите на здравствените работници и за исплата на боледувањата, го информирала Синдикатот на Клиничкиот центар директорката на Фондот Магдалена Филиповска Грашковска, изјавил доктор Предраг Серафимовски за Слободен печат. Според потпретседателот на Синдикатот на Клинички центар, таа се надевала дека најдоцна до понеделник ќе се решела ситуацијата. Од друга страна, медицинарите се подготвуваат за штрајк ако не ги добијат јануарските плати до 20 февруари.
Системот на Фондот за здравство е хакиран веќе десетти ден, а Фондот за здравство денеска го пречекори законскиот рок за исплата на плата на медицинарите.
Не се исплаќаат рефундации за лекови, боледувања, жените на породилно немаат земено надомест за јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.