Жените во менопауза потешко слабеат поради две лоши навики – коригирајте ги за да успеете да го постигнете идеалниот изглед
Со консумирање погрешна храна, жените можат да си предизвикаат нарушување на хормонската рамнотежа.
Контролираното слабеење се чини како предизвик во сите фази од животот, но хормонската неурамнотеженост за време на менопаузата дополнително ги комплицира работите.
Нутриционистката Сара Лавук неодамна на својот ТикТок-профил ги предупредила жените за тоа кои се двата најлоши појадоци што можат да ги јадат за време на менопауза.
„Јас сум нутриционистка која има помага на жените над 40 години да изгледаат и да се чувствуваат најдобро што можат додека минуваат низ процесот на стареење, особено за време на менопауза“, им се обратила таа на своите следбеници.
Првата најлоша грешка што жените можат да ја направат кога појадуваат, според оваа експертка, е да не јадат ништо, туку само да испијат црно кафе.
„Многу жени го прават ова, бидејќи се обидуваат да јадат помалку, па постат периодично, со цел да внесат помалку калории во организмот“, објаснила Сара Лавук.
„Немам апсолутно ништо против повремениот пост, верувам дека во некои случаи тоа може да биде добро, но во одредени фази од животот треба да бидете малку повнимателни ако се одлучите за ваков начин на исхрана. Кога минувате низ перименопауза и вашите хормони полудуваат, вашето тело веројатно ќе биде под поголем стрес. Ако и постите згора на тоа, можете дополнително да го оптоварите вашето тело. Доколку веќе инсистирате да постите, најдобриот начин да го сторите тоа е да вечерате порано, но секогаш да појадувате наутро“, додала Лавук.
Вториот најлош појадок што жените го јадат за време на менопаузата според Лавук е слатката мала чинија житарки или гранола со зрнесто овошје и малку млеко.
Иако содржат малку масти и многу влакна, постојат подобри извори на влакна од обичните житарки, посочува експертката.
„Каде ви се протеините? Каде се здравите масти? Многу подобро е ако го започнете денот со квалитетни протеини и здрави масти, наместо само со јаглехидрати“, додала Лавук.
Истражувањата укажуваат на тоа дека недостигот од протеини придонесува за дебелеење за време на менопаузата, со оглед на тоа што потребата на телото за протеини се зголемува во тој период. Освен тоа, хормонската неурамнотеженост често доведува до засилен глад – кој само се влошува кога ќе се исклучат протеините од исхраната.
Хранливите намирници се клучни за одржување на ситоста на телото, додека истовремено помагаат во забрзувањето на метаболизмот.
Исфрлањето на протеините, исто така, значително го зголемува ризикот од губење мускулна маса, што е важно за продолжување на виталноста како што старееме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.