Извршниот директор на Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) Роб Батлер денеска во Загреб предупреди дека последиците од дебелината кај децата значително ќе влијаат на квалитетот и должината на животот на идните генерации.
– Ако не дејствуваме сега, последиците во иднина ќе бидат големи и ќе влијаат на нашите економии, здравствени системи и на квалитетот и должината на животот на нашите деца и внуци, рече тој на прес-конференција по завршувањето на самитот посветен на превенција на дебелината кај децата организиран од Канцеларијата на хрватскиот претседател и Европската канцеларија на СЗО.
Се проценува дека за само 12 години, 28 милиони деца во 53 земји од европскиот регион ќе живеат со обезност, а оваа епидемија, која може да се спречи, ќе го чини европското општество 800 милиони американски долари до 2035 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.