Колку и да е киселата зелка суперхрана, со многу витамини, малку калории, а многу придобивки, сепак оваа диета не би требало да ја применувате повеќе од 6-7 дена, бидејќи на телото му се потребни и останати супстанци.
Постојат многу различни рецепти како да се конзумира кисела зелка во текот на оваа диета, а со неа ќе го прочистите организмот и во просек ќе изгубите 4-5 килограми за исто толку дена.
Предлог доручек: кисела зелка и цитрусно овошје
Ручек: било какво јадење од кисела зелка-супа, готвена зелка, зелка со грав итн.
Вечера: Салата од зеленчук со маслиново масло
Кој не смее да ја користи оваа диета: Луѓето кои боледуваат од: дијабетес, хипертензија, зголемена киселост на желудник, бубрежни болести, болести на панкреасот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.