Во првата половина од ноќта, под дејство на алкохол, лицето спие како да е во кома, во утринските часови сонот е немирен, поради што се случува човек рано да се разбуди.
Додека едни тврдат дека чаша пиво или вино пред спиење е пожелно, со цел да ве опушти и да го забрза вашето „патување” во царството на соништата, австрискиот доктор Хадемар Банкхофер вели дека алкохолот постигнува целосно спротивен ефект.
Тој го нарушува сонот, бидејќи по еден час, час и половина носи пријатен одмор, но за здрав сон е потребен постепен тек од неколку фази – прво доаѓа „тонење”, потоа лесен, па длабок сон и на крајот РЕМ фаза – објаснува професорот Банкхофер.
Под дејство на алкохол овие фази се значително нарушени. Во првата половина на ноќта, под дејство на алкохол, лицето спие како да е во кома, во утринските часови сонот е немирен, поради што се случува човек рано да се разбуди и повеќе не може да заспие.
Затоа мозокот не е во состојба да собере нова енергија, па наутро се чувствувате ”исцрпено”. Затоа овој експерт советува дека по 19 часот да не се консумира алкохол, ниту било кој пијалок кој содржи кофеин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.