И покрај тоа што практично не постојат мерки за заштита, состојбата кај нас и во светот е релативно стабилна, вели во разговор за „Локално“ д-р Никола Пановски, микробиолог и поранешен директор на Фондот за здравство околу ситуацијата со коронавирусот.
За сојот ХBB 1.5, попознат како Кракен, кој е подвид на сојот Омикрон, Пановски вели дека ќе го зголеми бројот на нови случаи.
Тој е најпренослив коронавирус познат досега. За среќа, изгледа дека не е поопасен. Затоа, постарите и оние со коморбидитети треба да избегнуваат гужви, да носат маски во продавници, банки, автобуси, помладите и здравите да живеат нормално, а ако имаат респираторна инфекција, било каква, да се изолираат пет дена, апелира тој.
Пановски најави и подобар зимски период за земјава во однос на коронавирусот, во споредба со ланската година ова време.
Се очекува да имаме зима полесна од претходните две, слична на оние години кога имало посериозни инфекции со грип, сега со корона, грип и други вируси заедно, под услов вирусите на грип да не бидат многу вирулентни, а за сега не се, укажува микробиологот.
Засега не е регистриран случај на новиот сој во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.