Имав чест да се обратам на Работилницата во организација на МЗКИХИ (Македонско Здружение за Контрола на интрахоспитални инфекции) која што се одржа во Струмица, информираше проф.д-р Игор Николов, советник за здравство на премиерот Христијан Мицкоски, преку објава на „Фејсбук“.

Интрахоспиталните инфекции и нивната контрола претставуваат предизвик за секој здравствен систем па и оние најмодерните. Стратегијата за контрола на ИХИ како и стратегијата за рационална употреба на антибиотици треба да бидат приорите за модерното здравство, истакна Николов.

Навременото детектирање, превземање на корективни мерки и подобрување на системот мора да бидат приоритет за сите. Тука улогата на комисиите за ИХИ е примордијална, подвлече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.