Оваа пандемија отвори многу јавно здравствени аспекти, а битно е да се знае дека на самиот почеток и Светската здравствена организација прилично тешко почна да се справува, стана недоследна на почетокот, а потоа конфузна бидејќи испраќаше различни и двосмислени насоки и соопштенија, за да брзо после тоа одлучи да го трансферира целиот менаџмент на пандемијата на локалните здравствени системи, односно секоја држава да си се справува како таа мисли понатаму. Е, сега кај нас тоа е во ситуација на отсуство на тој еден магичен менаџмент, се доведовме во една голема конфузно, неадекватно известување и транспарентност од страна од на институциите на здравствениот систем кон населението. И ова е една од причините за жал за една трагедија која што не снајде и оваа енормна висока стапка на смртност. Кај нас на пример немаше протоколи за лекување тоа што го зборуваме, речиси по две години тие се донесоа сега скоро. И ако претходно Комисијата за заразни болести во чија надлежност се носење на овие протоколи често пати носеше политички одлуки бидејќи тие мораа да бидат и потврдени од самата влада, истакна доктор Миленко Костов на денешната трибина насловена „Состојбите во здравството“ организирана од ВМРО-ДПМНЕ.
Доктор Костов потсети на дадената дозвола за одржување на свадбени веселби на затворено токму во моментите кога Делта сојот беше актуелен.
На сметка на неажурноста или на евентуално поради некој друг мотив имавме ненавремена уплата за вакцини и со тоа го изгубивме нашиот ред за нарачка. И потоа моравме да чекаме да ни достават дали ќе биде тоа од Србија, или како случај со Бугарија да добиеме голем број на вакцини на кои што рокот им беше при крај, рече доктор Костов.
Доктор Костов додаде дека во светот многу се вложуваше во обуки на персоналот, а кај нас ниту се имаше доволно заштитна опрема, ниту се обучуваше здравствениот персонал.
Немавме ниту доволно простор и логистика за сместување на болните пациенти. Модуларните болници помпезно беа поставувани, а испадна дека имаат несоодветна канализација, немаат ниту греење, сега не би сакал да се навратам на трагедијата од 8-ми септември со модуларната болница во Тетово, појасни доктор Костов.
Доктор Костов посочи дека македонското здравство во текот на пандемијата се доведе во една ситуација да зависи од моментална инспирација на поединци. Да не беше максималното и несебично залагање на сите здравствени работници ќе имаше уште поголема смртност.
Пи-арот односно начинот на кој што се обидуваше здравствената власт да пристапи до населението беше очигледно неадекватен. Сметам дека сите сме и попаметни и поискусни и дека протоколите се жива материја кои што цело време треба да се адаптираат во зависност од ситуациите кои што ги носи секоја варијанта на вирусот. Мислам дека иако вирусот во наредните варијанти последни кои доаѓаат се во поблага варијанта, но сепак во фаза на лекување на КОВИД-19 сепак последиците кои што ги остава можат да бидат драматични. Така да во оваа фаза треба доста внимание да се обрне на рехабилитација на пациентите кои што се пост КОВИД, дали тоа се срцеви тегоби, проблеми со периферниот нервен систем, дали имаат проблем со белите дробови, бубрези, бидејќи вирусот е хематоген и допира до секоја една клетка, до секоја една клетка во организмот, појасни доктор Костов.
Доктор Костов укажа дека во наредната фаза треба доста внимание да се обрне на рехабилитација, и на болните кои што веќе го прележале КОВИД-19.
„Во Комисијата за заразни болести седат лекари, и на нивна совест останува каква одлука ќе донесат, дали таа ќе биде политички мотивирана или пак ќе биде медицински мотивирана“, порача доктор Костов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.