Докторот Нико Беќаровски на својот фејсбук профил излезе со објаснување околу поврзаноста на аерозагадувањето и двата најчести зимски вируси.

„АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО И ВИРУСНАТА ИНВАЗИЈА

Загадениот воздух драстично ја зголемува патогеноста, тежината на клиничката слика и прогнозата на двата најчести зимски вируси (Респираторен синцицијален вирус и вирусот на инфлуенца-грип).

Затоа да не Ве изненадува што овие денови сите кашлаат, имаат покачена температура и општа слабост.

Затоа се почесто одиме на погреби, отколку на мекици

Секој вложен денар во здрава животна средина, трикратно се исплаќа, само да има некој надлежен тоа да го разбере и сфати.“ напиша тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.