Постарите луѓе кои ја примиле четвртата вакцина Фајзер-Бионтек против Ковид-19 имале 78 отсто помала стапка на смртност од оваа болест од оние кои ја примиле третата вакцина, покажа денеска израелско истражување.

Најголемата здравствена служба во земјата, Клалит, објави дека 40-дневната студија опфатила повеќе од половина милион луѓе на возраст од 60 до 100 години, објави Ројтерс.

Околу 58 отсто од учесниците во студијата ја примиле четвртата доза од вакцината, додека останатите ја примиле третата доза.

Истражувачите забележале 92 смртни случаи во првата група и 232 смртни случаи во втората, помала група.

Главниот заклучок е дека четвртата доза од вакцината спасува живот, рече Ронен Арбел, истражувач од Колеџот Клалит и Сапир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.