Велика Британија стравува од епидемија на стрептокока А откако за помалку од еден месец од вообичаено безопасната бактериска инфекција починаа четири деца. Се стравува дека оваа бактерија може тивко да се шири во училиштата.

Четиригодишниот Мухамед Ибрахим Али стана најновата жртва на растечката епидемија на стрептокока, која веќе ги однесе животите на Хана Роап, седумгодишно девојче од Велс, и уште еден ученик во основно училиште. Сите четири смртни случаи се случиле во различни делови на Велика Британија и нема индикации дека тие се поврзани на кој било начин.

Општите лекари уште од почетокот на учебната година предупредуваат на „невообичаено високо“ ниво на оваа бактерија. Симптомите се обично благи, вклучувајќи треска, болки во мускулите, повраќање и болки во грлото. Може да предизвика и шарлах.

Во исклучително ретки случаи, бактеријата се шири на ист начин како и коронавирусот, преку близок контакт како што се кивање, бакнување и допирање. Може да оди подлабоко во телото и да предизвика проблеми опасни по живот, како што е сепса. Сепак, може да се лекува со антибиотици.

Водечките експерти денеска предупредуваат дека децата затворени за време на Ковид создале послаб имунитет и дека тоа би можело да биде главниот „виновник“ за зголемувањето на случаите.

Стрептокок од групата А е бактериска инфекција која влијае на грлото и кожата. Иако повеќето случаи предизвикуваат само блага болест, некои може да бидат опасни по живот и да доведат до шарлах.

Здравствените работници во Британија се подготвуваат да издадат предупредување до родителите за симптомите на стрептокок А.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.