Во периодот од 26 јули до први август 2024 година пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, идентично со претходниот седмодневен период (n=25), извести Институтот за јавно здравје.

Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје (n=13; 52,0%), а пријавени се и 10 случаи од Куманово и по еден случај од Битола и Тетово.

Географска дистрибуција на случаи на голема кашлица во РСМ, 26.07-01.08.2024

Возраста на заболените се движи од 2 месеци до 50 години, а најголем број на случаи се од возрасната група од 0-4 години (n=10; 40,0%).

Во однос на вакциналниот статус на заболените, 17 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 5 се комплетно вакцинирани и три се вакцинирани согласно возраст.

Од новите случаи, 3 (12,0%) се хоспитализирани.

Заклучно со 01.08.2024, во РСМ е регистриран вкупно 981 случај на голема кашлица, со инциденца од 53,4/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период (2019-2023 година), кога се регистрирани вкупно 10 случаи, се наведува во извештајот на ИЈЗ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.