Денеска е 14-ти ден од колапсот на Хирургија и колапсот на сиот здравстен систем во Македонија.14-ти ден! И ден – петок.
Што значи, со СДС/ДУИ, уште најмалку 4 дена, и тоа оптимистички, проблемот ќе трае. Бидејќи за нив нели, викендот мора да се истера, има поважни работи, како внатрепартиските интриги.
Oва е вистинското светло во коешто ќе блеснеше и иднината заедно со европскиот фронт. 14-ти ден на колапсот на Хирургија, ден петок, а со СДС/ДУИ тоа значи уште најмалку една недела блокада на здравството,oбвини Наум Стоилковски.
Според него, ништо не е преземено, здравството во цела држава е во колапс.
14 дена, министерот Илир Демири ја префрла топката те на ЈО, те на колективна одговорност – владата на СДС/ДУИ.
Од 12 директори и раководители, најголем број од нив по 7 години на таа позиција, не изустија ни збор, ниту чувствуваат одговорност, а се недопирливи за Илир Демири. Раководители по 7 години за што најмалку по два пати можеле да преземат акција да се санира Хирургија во целост.
Срамно и недостоинствено, но својствено за СДС/ДУИ, нема грам грижа за пациенти, нема брза реакција да се санира Хирургија, ама има брза реакција за има провизии за вакцини, провизии за модуларни, црна трговија со лекови за рак.
14 дена, 12 оддели на хирургија, оставени во хаос, ништо не се презема. Клиниката за Хирургија е клучниот момент на Клинички, по правило врвот на здравствениот систем, а со ова терцијалното здравство во Македонија е доведено во колапс.
Одговорност ќе има! Имињата на одговорните ќе останат запаметени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.