Манекенката Ирина Шајк често снима провокативни моделинг кампањи, па не е изненадување да се види познатата бринета како позира во секси црна долна облека од тантела.

Ирина, која многумина ја нарекуваат „најубавата Русинка на светот“, неодамна на Инстаграм сподели многу експлицитна фотографија која набрзо стана вирална на многу светски портали.

Шајк на ова селфи во огледало ја истакна својата одлична фигура и заоблениот задник, позирајќи во црни проѕирни гаќички, градник и заводливи подвезици.

Иако славната убавица се ближи до 40-та година, на неа не се гледаат знаци на стареење и лесно може да им парира на колешките кои сега ја започнуваат својата манекенска кариера.

За потсетување, Шајк несомнено е една од најбараните манекенки на денешницата, а практично не постои луксузен бренд со кој таа не соработувала. Токму неа најчесто ја гледаме на модните писти на бројни дизајнери на модните недели ширум светот. Се проценува дека во текот на кариерата заработи над 25 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irina shayk (@irinashayk)

Инаку, прославената 38-годишна манекенка неодамна ја прекина врската со американскиот фудбалер Том Брејди, поранешен сопруг на нејзината пријателка Жизел Бундшен. Но, таа наводно веќе бара нова љубов, а според упатени извори ѝ се допаѓа Том Круз бидејќи е „познат, богат и добро изгледа“.

Ирина бара партнер и во Европа и во Америка. Таа бира, но достапен ѝ е мал број на мажи за состаноци. Таа има потреба од некој познат, убав и богат. Колку ги има такви? 5, 10?“, изјави неодамна извор за „Page Six“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irina shayk (@irinashayk)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irina shayk (@irinashayk)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irina shayk (@irinashayk)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.