За прв пат во Македонија доаѓа концептот кој ќе стави крај на етапата во која многу луѓе се чувствуваат отуѓени, осамени, асоцијални и летаргични. Не се работи за некоја нова мобилна апликација или видео-стриминг сервис, туку напротив, за концепт во кој реални луѓе со реална енергија, лик, глас и стас ќе комуницираат меѓу себе и ќе шират добра, ведра енергија, возбуда и љубов.
Време е уште еден новитет да биде промовиран во Скопје, а се вика Соулмејт парти, забава за дружење, добра енергија и ширење љубов. Се работи за концептуални забави на кои со реална активност ќе се спротиставиме на отуѓеноста и алиенизацијата предизвикана од темпото на живот и дигиталното доба. Тука на сцена стапувате вие – време е за акција!
Public Room од Скопје како еден од поголемите културни простори во кој се одржуваат разни културни, научни, едукативни, забавни, научни, промотивни и слични настани од годинава има чест да биде домаќин на овој супер-новитет во Македонија.
Машки и женски, сингл, дубл или екипно сте добредојдени на супер дружење кое има две цели: на едно место да ги спои убавите луѓе кои сакаат да се најдат и сите пријателски расположени кои сакаат да делат убава енергија со добра музика и муабет.
Кратко кажано, сo нашите Соулмејт парти се обидуваме да донесеме повеќе среќа, насмевки и љубов помеѓу скопјани и сите кои се доживуваат или оживуваат како такви
Техничкиот опис на овој вид забави би бил „се работи за единствени забави во Македонија кои во прва линија се обраќаат на лица кои се сингл и кои би сакале да запознаат сродна душа – soul mate.
Ама ваква благородна, забавна, енергична и авантуристичка мисија не може да се опише со технички речник. Туку со јазикот на душата.
Дојдете и проверете. Соулмејт парти во Паблик рум, секој четврток, 21:30.
Повеќе инфо на fb / Public room.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.