Само со природни состојки и за неколку минути вашиот тепих ќе го врати својот поранешен сјај!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 лажица сол

1 лажица бикарбона

*ако тепихот е поголем зголемете ги дозите. Солта и бикарбоната секогаш треба да бидат во еднакви делови.

Лесно втријте со рацете по целата површина и оставете да делува 15 минути. Оваа смеса не ги отстранува старите дамки, но ја отстранува прашината и нечистотијата во внатрешноста на влакната.

Потоа саму поминете добро со правосмукалката за да ги исмукате сите остатоци.

Ако сакате да направите и третман за да ги направите боите светли и повторно „живи“ употребете:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

20 г лимонска киселина
растворени во 200 мл зовриена вода
додајте 400 мл ладна вода

Втријте со кружни движења по површината и тепихот веднаш станува совршено чист и блескав. Потоа оставете само да се исуши на воздух.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.