Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се сретна со Џанг Ѕуо, амбасадорот на Народна Република Кина. На средбата се разговараше за овозможување на инклузивен пристап за секое дете во градинките на територијата на нашата држава, тема што е дел од соработката помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Амбасадата на Народна Република Кина.

Изминатата година со поддршката на кинеската амбасада, Министерството за труд и социјална политика реализираше изградба инклузивни игралишта и опремување на сензорни соби во градинки во Струмица, Крушево и Кривогаштани.

На средбата беше разговарано и за идни соработки во делот на детската заштита пресретнувајќи ги заедничките интереси на двете страни.  На средбата беше дефинирано дека вакви инклузивни игралишта и сензорни соби во наредниот период ќе бидат отворени и во Струмица, Велес и Гевгелија.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.