Познатата интернет платформа за слушање музика, „Спотифај“, одлучи да ги зголеми цените на претплатата за повеќе од 200 милиони корисници во категоријата „Премиум“. Вакво нешто се случува првпат по 10 години.
Ги менуваме цените на услугите во категоријата „Премиум“ на повеќе пазари ширум светот за да може да продолжиме да воведуваме новости“, се наведува во соопштение на компанијата.
Со новото поскапување, „Премиум“ претплатниците во САД ќе плаќаат 10,99 долари месечно наместо сегашните 9,99 долари, а претплатата на овој пакет е зголемена и во Велика Британија, Канада, Австралија и 49 други земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.