Професорот Димитрија Ангелков и пет ученици од Кавадарци произведоа 30 прочистувачи за воздух.
Заедно со пет ученици средношколци, под мое менторство, произведени се 30 квалитетни антиполен карбон прочистувачи за воздух, наменети за во училишни училници. Проектот AERO2 е за задоволување со прочистувачи на потребите на училиште, преку проект UPSHIFT од здружение на граѓани ЛЕАД. Даваме пример како да имаме побезбедна училишна средина, исто така, пример за да можат тоа да си го направат учениците и во своите домови. Да бидат безбедни, а притоа да немаат големи трошоци за купување прочистувачи од комерцијална продажба. Филтрите што ги користиме во нашите прочистувачи се германски, антиполен и карбон антибактериски, појасни Ангелков, иноватор кој има добиено бројни признанија и награди за иноваторство.
Ангелков кој е професор доктор по електротехнички науки, подвлече во изјава за МИА, дека загадувањето на воздухот е сериозен глобален проблем и дека токму поради тоа е многу важно, користењето на вакви апарати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.