„Гугл“ воведува прикажување реклами додека корисниците на „Јутјуб“ го паузираат видеото што го гледаат. Менаџерот за комуникации на видеоплатформата за „Верџ“ (The Verge) потврди дека има „моќен одговор од огласувачите и рецензентите“ по објавувањето на „Пауза-рекламите“.
„Јутјуб“ почна да ја истражува употребата на реклами на паузирани видеа уште во 2023 година, со одредени огласувачи. Одговорниот раководител на бизнисот – Филип Шиндлер, во април минатата година изјави дека новиот концепт им се допаднал на огласувачите, но оти гледачите не се одушевени од оваа замисла, според внатрешните истражувања.
Овој концепт не е нешто ново, бидејќи некои стрим-услуги, како што се „Дирек-ТВ“ и „Хулу“, направија сличен потег, па прикажуваат реклами во случаи со пониски нивоа на претплата.
Производите на „Амазон“, како што е таблет-компјутерот „Фајр“, прикажуваат реклами на заклучениот екран. Компанијата претходно најави и дополнително проширување на својата понуда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.