Сопственикот на компанијата Фејсбук, Mарк Цукерберг го потврди воведувањето „Вацап-заедници“ (WhatsApp Communities), најнова карактеристика на апликацијата што служи како надградба на „Групите“ (Groups).
Почнуваме заедници на „Вацап“. Воведуваме и анкети и видеоповици во кои може да учествуваат 32 лица. Вашите пораки остануваат приватни, објави Цукерберг на „Фејсбук“.
„Заедниците“ се наменети за организирање повеќе групни разговори на едно место. На пример, училиште, населба или канцеларија може да се поврзат со неколку разговори. Администраторите потоа може да испраќаат пораки до сите во таа заедница.
Новата функција ќе им овозможи на корисниците да креираат и да учествуваат во анкети. Функцијата ќе се појави како картичка на врвот на апликацијата.
За разлика од Фејсбук-групите, „Вацап-заедниците“ не се јавни и не можете да ги пребарувате, односно сè функционира преку покани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.