„START-UP Tsubame Industries“ од Токио развива робот со четири тркала висок четири и пол метри кој изгледа како лик од популарната јапонска анимирана серија „Gundam“, а ќе чини три милиони долари.
Наречен „Archax“ по летечкиот диносаурус „Archeopteryx“, роботот има монитори од пилотската кабина кои примаат слики од камерите прикачени однадвор, така што пилотот може да ги контролира рацете користејќи џојстици од внатрешноста на торзото.
Роботот тежи 3,5 тони и има два режима на работа: исправено „роботско“ и „возење“ со максимална брзина од десет километри на час.
Лансирањето е планирано за саемот за мобилност во Јапонија овој месец.
Јапонија е многу добра во анимација, игри, роботи и автомобили, па затоа мислев дека би било одлично ако можам да создадам производ што ќе ги содржи сите тие елементи. Сакав да создадам нешто што вели: „Ова е Јапонија“, истакнува Рио Јошида, 25-годишниот извршен директор на „Tsubame Industries“.
Јошида се надева дека ќе изгради и продаде пет роботи на богатите обожаватели на роботи, но исто така се надева дека роботот еден ден би можел да се користи за помош при катастрофи или во вселенската индустрија.
За роботиката се заинтересирал уште на рана возраст. Научил да заварува во работилницата на својот дедо, а потоа основал компанија која произведува миоелектрични протези за раце. Тој вели дека сака да ја задржи конкурентската предност во производството на Јапонија.
Се надевам дека ќе учам од претходните генерации и ќе ја продолжам традицијата, вели Јошида.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.