Илон Маск воведе уште една голема промена на Твитер. Корисниците на платформата во САД кои се претплатиле на услугата за автентичност „Твитер блу“ ќе може да пишуваат објави кои содржат до 4.000 знаци по твит, што е 10 пати повеќе од вообичаено дозволено.

Потребни ви се повеќе од 280 знаци за да се изразите? Знаеме дека тоа е она што многумина од вас го посакуваат. Колку и да ги сакаме добрите нишки, понекогаш сакате да напишете сè во една објава. Ве разбираме и затоа воведуваме подолги твитови“, објави Твитер блу профилот.

Kорисниците кои не се претплатени на Твитер блу не можат да објавуваат твитови подолги од 280 знаци, но ќе можат да ги видат објавите на оние коишто го прават тоа. Тие само треба да кликнат „види повеќе“ за да го погледнат целиот твит.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.