Голем број корисници пријавија дека „Гугл аналитикс“ не функционира.

Уште од попладнево, многумина не можеа да го користат, бидејќи „Гугл аналитикс“ не е во функција. Поточно аналитикс работи, но не дава точни бројки.

И српските медиуми јавија за овој дефект, а што се однесува до остатокот од светот, исто така се пријавени дефекти и проблеми со аналитиксот во периодот од 17:00 до 19:00 часот.

Гугл не се огласи за овој проблем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.