Според податоците на НАСА, астероид двапати поголем од Емпајер Стејт Билдинг прелета покрај Земјата, но нема да се приближи доволно за да предизвика проблеми, објави Дејли меил.

Вселенскиот камен, именуван 418135 (2008 AG33), ќе се приближи на околу два милиони милји од планетата, што е приближно осум пати од растојанието од Земјата до Месечината.

Кога ќе влезе во орбитата на Земјата и ќе ја достигне најблиската точка, астероидот ќе се движи со брзина од 23.300 милји на час (37.497 km), или околу 30 пати поголема од брзината на звукот.

Карпата е со дијаметар до 2.560 стапки (780 метри) и НАСА ја идентификуваше како потенцијално опасна, која најблиску ќе се доближи до нашата планета ја вечерва во 22:46 часот по средноевропско време.

Иако 2 милиони милји можеби звучат како огромно растојание, во космичка скала тоа е исклучително блиску, во рамките на орбитата на Земјата. Поради оваа причина, НАСА смета дека секој астероид што ќе се приближи толку блиску е потенцијално опасен – вид на објект блиску до Земјата што може да претставува ризик за животот на Земјата. НАСА смета дека секој објект кој се наоѓа на помалку од 120 милиони милји од планетата е блиску до Земјата (НЕО), и секој објект кој е на растојание помало од 4,65 милиони милји е „потенцијално опасен“.

Астероидот 418135 (2008 AG33) не е нов – тој првпат беше откриен во јануари 2008 година од астрономите во Mt Lemmon SkyCenter во Аризона, а последен пат се приближи до Земјата во март 2015 година, прелетувајќи покрај неа на секои седум години. Според НАСА, неговиот следен близок лет нема да се случи до мај 2029 година, освен ако нешто не ја промени неговата орбита, но тоа е малку веројатно. ссм/

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.