Последната недела од годината е поврзана со доаѓањето на празниците и подарувањето на најблиските. Останува малку време за купување подароци, а со тоа и за нивно пакување. Ова е она што предизвикува главоболки кај многумина, но ние имаме едноставен начин да го завиткате подарокот без мака – и без употреба на селотејп.

Значи, потребна ви е само украсна хартија.

За почеток, важно е ако самиот подарок нема јасни рабови, да го направите така, на пример ставајќи го во кутија. Вториот чекор е да одредите колку хартија за завиткување ви треба, а потоа да исечете еден квадрат.

Кога ќе го направите тоа, ставете го подарокот на хартијата. Преклопете ја хартијата кај една од страните (како на видеото подолу), а потоа преклопете го аголот на хартијата кон подарокот. Рабовите свиткајте ги навнатре, а потоа со крајниот агол на хартијата преклопете ја кутијата, односно подарокот и превиткајте ја за да не се гледа.

Во видеото можете да погледнете како тоа изгледа:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.