Во Велес денеска е Ден на жалост по повод трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа која се случи на 16 октомври 2024 година на автопатот Скопје-Велес. Градот е во жалост за загубата на овие животи.

Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција врз телата на тројцата загинати, со цел утврдување на причините.

Четворица од повредените во несреќа кај тунелот во близина на Катланово се пренесени на КАРИЛ, двајца од нив се уште се во критична состојба.

Несреќата се случи завчера попладне кога од за сега непознати причини патничко комбе се преврти при што три лица загинаа, а делницата беше блокирана за сообраќај цела вечер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.