Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда 3.1 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала бил почувствуван ноќеска од населението во Ресен, Дебар и околината.

Според Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, земјотресот регистриран 115 километри југозападно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Дебар, се случил во 23 часот и 49 минути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.