Продолжува многу нестабилното време и на многу места проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно ќе има појава на поизразено невреме кое може да услови локални поплавувања и нови штети. Невремето кое ја зафати Македонија ќе се задржи и во текот на новата недела која што ни следува.

Затоа, се препорачува крајна претпазливост во случај на појава на невреме.

Температурите и понатаму позначително ќе се намалуваат и во следниот период истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени, најавува Славчо Попоски и нагласува дека невреме е можно и во Скопје и околината во следниот период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.