Забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струмица – Берово и натаму останува. Патниот правец Истебањи-Македонска Каменица, пак, е рачистен и сообраќајот се одвива нормално по двете коловозни ленти, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2023 година во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.