На патните правци Маврово-Маврови Анови и Струмица-Берово останува забраната за сообраќај за тешки товарни возила.
Забраната беше воведена од вчера поради обилните врнежи од снег. На патот Струмица-Берово, тим на јавното претпријатие „Македонијапат“ во текот на вчерашниот ден работеше и на отстранување на паднатите дрвја на овој патен правец.
На останатите патишта низ државата, според утринските информации на Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Синоптичарите за денеска највауваат променливо облачно и студено време претпладне, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура е во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени Целзиусови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.