Овој април имаме два продолжени викенди.

Имено, согласно Законот за празници во април неработни денови за сите граѓани се:

17 април (понеделник), вториот ден од Велигден според православниот календар

21 април (петок), првиот ден од Рамазан Бајрам

За граѓаните од православна вероисповед неработен е 14.април кога се одбележува Велики петок, ден пред Велигден.

Тоа значи дека верниците од православна вероисповед ќе имаат четири слободни дена за Велигден.

Првиот ден од месец мај (понеделник) кога се одбележува Денот на трудот, исто така, е неработен ден за сите граѓани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.