Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Врнежите наместа ќе бидат поројни, особено во западните и централните делови, локално во форма на невреме.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 19, а максималните ќе достигнат од 23 до 38 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималните температури ќе се спуштат до 18, а максималните ќе достигнат до 25 степени.

Од УХМР информираат дека од вторник времето нè очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со просечни температури за овој период од годината. Претежно во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.