Се оствари прогнозата на УХМР.
Имено изминатата ноќ буквално снег натрупа на највисоките места во земјава, а меѓу нив се и два скијачки центри во Македонија.
Снег утрово има на Попова Шапка, како и во Маврово.
Според видео камерите на „Skimacedonia“, снег во овие моменти има само на овие две места, додека за жал снег нема во Крушево, Нижо Поле, ниту Копанки во Битола.
Слаб снег има во Пониква, а УХМР најавува нови врнежи во текот на следните неколку дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.