Во следните најмалку седум до десет денови нашата територија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и уште потопла воздушна маса од југ. Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а само денес ветерот ќе биде од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Наутро по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност. Наутро ќе биде потопло со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека во југоисточните предели истите ќе бидат и над 10 степени.

Максималните дневни температури пак ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени, додека во југоисточните предели истите се очекува да се искачат дури и до близу 30 степени, прогнозира Славчо Попоски.

Во Скопје и околината продолжува стабилното, суво и претежно сончево време. Наутро ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност а преку денот ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 24 и 25 степени, најавува Попоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.