Православните верници во четврток ја празнувааат летна Света Петка Параскева.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

Старите верувале дека овој ден треба да се одвои само за вистинска молитва и дека сè што правите на овој голем ден треба да биде „врзано со небото“. Жените треба да се посветат на молитва и правење добри дела, за здравје и среќа на своите семејства и деца.

Така, не се врши тешка физичка работа, туку мислите и душите се сведуваат на молитва.

Порано жените верувале дека не треба да се меси леб, да се пере, да се изнесува пепел или да се шие, за да не им трнат рацете преку цела година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.