Во Битола денеска се слави 18 декември – Ден на заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“, востановен празник од локалната самоуправа и преспанско-пелагониската епархија.
Празничните свечености почнаа синоќа со концерт на хорот „Стив Наумов“ кој се одржа во битолскиот Офицерски дом, а продолжија утрово со литургија која од 08 часот се одржува во Соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“.
Според востановената традиција, претпладнево на Широк сокак ќе се одржи Литија која ќе ја предводи митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, а во 14 часот градоначалникот на Битола Тони Коњановски, на посебна свеченост во Офицерски дом, ќе додели пофалници на наградени талентирани ученици од основните и средните училишта кои годинава покажале посебен успех и резултати во школувањето
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.