Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Утре и во сабота изутрина ќе биде студено, а потоа температурите ќе бидат во пораст, освен во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер.
Според УХМР, локални врнежи од дожд и снег ќе има во сабота во текот на ноќта во западните делови и во понеделник кон крајот на денот.
Утре минималните температури ќе се движат од -12 до -1 степен, а максималните од три до девет степени Целзиусови.
За викендот температурата ќе достигне до 13 степени, а во вторник 15 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.