Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови, претежно во северните делови ќе има услови за појава на слаб краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Од УХМР информираат дека во Скопје ќе преовладува променливо облачно со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во следните два дена времето ќе биде релативно топло, а во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.