Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец, кој на некои места ќе достигне над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Наредните денови ќе преовладува сончево време со постепен пораст на температурата. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени. На почетокот на следната седмица повторно ќе дува умерен до засилен северен ветер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.