Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерен, а претежно долж Повардарието, засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. UV=9

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Од УХМР информираа дека во наредните денови времето ќе биде претежно сончево и топло. Утре ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 60 km/h) најизразен во Повардарието што ќе услови благо намалување на утринската и дневната температура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.