Голем број од граѓаните решија верскиот празник да го поминат во некоја од соседните земји. Зголемена фреквенција на возила се забележува на граничниот премин „Богородица“ каде времето на задржување е подолго од половина час.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Но, според информациите од граѓаните кои утрово патуваат за соседна Грција, на граничниот премин „Богородица“ веќе има колона возила кои чекаат за излез од Македонија. На овој граничен премин моменталното време на задржување е подолго од половина час. На останатите гранични премини сообраќајот се одвива тековно, без подолги задржувања.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.