Времето претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 17 степени.

До недела попладне ќе се задржи претежно стабилно и суво време со постепен пораст на температурата. Во недела кон крајот на денот и во почетокот на следната седмица ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои во ноќните часови од недела кон понеделник ќе бидат проследени со ретки грмежи. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер и температурата ќе биде во опаѓање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.