Најастудено утрово е во Берово и во Битола, каде во седум часот се измерени -6 степени целзиусови, како и во Скопје, Тетово и Демир Капија со -4 степени. Најтопло е во Дојран каде се измерени 4 степени целзиусови.

Во текот на ноќта времето беше ведро и студено, а утрово е променливо облачно. Во Демир Капија има појава на магла со ограничена хоризонтална видливост до 50м.

Цремето претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 5 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.