Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Никола Карев“ и „Трета македонска бригада“ и амбулантата „Пролет“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-2 на улица „Никола Карев“ без број, кај паркингот.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не заврши санирањето на дефектот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.