Утре се најавува пад на дневната температура за 3 до 6 степени во однос на денешната. Во вторник и среда ќе има локално зголемување на облачноста со услови за појава на краткотраен дожд. Утре и особено во вторник вдолж Повардарието ќе засилува северозападен ветер, соопшти УХМР.

Времето утре преку денот ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.