Од Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат дека утре во западните делови од земјата ќе дува силен ветер, кој наместа ќе достигне брзина и над 80 километри на час.
Дождот, кој најпрво ќе врне во западните делови од државата, кон крајот на денот ќе се прошири во поголем дел од земјата, а врнежите ќе бидат пообилни во западните и северозападните делови (над 20л/м2), особено во текот на ноќта. На планините во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува засилен до силен јужен ветер, особено во западните планински подрачја (над 80 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени, велат од УХМР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.