Утре и задутре во Скопје ќе има посебен режим на сообраќајот поради посетата на австрискиот претседател Александер Ван Дер Белен.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре и задутре, вторник и среда, поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, известуваат од МВР.

Министерството апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници во насока на безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.