Македонската православна црква и нејзините верници утре го одбележуваат обезглавувањето на Свети Јован Крстител, празник познат и како есенски ден на Свети Јован.

Овој празник е сеќавање на неговото страшно страдање, ден на строг пост, без оглед дали е среда или петок или не (во некои делови, ништо не се јаде дури додека не се стемни), а во црковниот календар е обележан со црвена буква.

На празникот Отсекување на главата, треба да се пости, и никогаш да не се јаде и да се пие нешто црвено, бидејќи тоа потсетува на пролеаната крв на Свети Јован Крстител. Исто така, не треба да се работи тешка работа.

Не земајте нож во рака на овој ден и внимавајте да не јадете домати, пиперки или црвени јаболка, бидејќи сѐ што е црвено потсетува на крвта на Свети Јован.

На овој ден, треба да барате лековити растенија во природата, бидејќи ова е добар ден за берење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.